Велешки Жито Вардар го поевтини лебот за 7 денари

Bez autora
Jul 04 2011

Од завчера жителите на Велес лебот го купуваат по пониска цена за 7 денари. Компанијата "Жито Вардар" ја намали цената на лебот од 27 на 20 денари. Велешани се изненадија од ваквиот чекор на "Жито Вардар" од каде што најавија дека намалувањето на цената нема да ја намали и тежината на лебот. Векна леб и понатаму ќе тежи половина килограм. Причина за намалувањето на цената на лебот за 7 денари, според менаџерскиот тим на "Жито Вардар" била конкуренцијата од помалите пекарници кои лебот го продаваат од 18 до 22 денари. Донесовме одлука и ние да го продаваме лебот по онаа цена по која го продаваат малите пекарници. Доколку тие во наредниов период ја намалат цената истото ќе го направиме и ние. "Жито Вардар" е најголем производител на леб во Велешко. Дневно произведува околу 20.000 леба и покрај Велес целосно ги снабдува и жителите од Градско, Чашка, а помали количества продава и во Скопје, Кавадарци и други градови во Македонија.

Велешки Жито Вардар го поевтини лебот за 7 денариОд завчера жителите на Велес лебот го купуваат по пониска цена за 7 денари. Компанијата "Жито Вардар" ја намали цената на лебот од 27 на 20 денари.

Велешани се изненадија од ваквиот чекор на "Жито Вардар" од каде што најавија дека намалувањето на цената нема да ја намали и тежината на лебот. Векна леб и понатаму ќе тежи половина килограм. Причина за намалувањето на цената на лебот за 7 денари, според менаџерскиот тим на "Жито Вардар" била конкуренцијата од помалите пекарници кои лебот го продаваат од 18 до 22 денари.

- Донесовме одлука и ние да го продаваме лебот по онаа цена по која го продаваат малите пекарници. Доколку тие во наредниов период ја намалат цената истото ќе го направиме и ние - рече првиот човек на "Жито Вардар", Ристо Ташев.

"Жито Вардар" е најголем производител на леб во Велешко. Дневно произведува околу 20.000 леба и покрај Велес целосно ги снабдува и жителите од Градско, Чашка, а помали количества продава и во Скопје, Кавадарци и други градови во Македонија. Покрај намалувањето на цената на лебот за 7 денари "Жито Вардар" на велешани од вчера им понуди и нов производ "фурнаџиски леб".

"Жито Вардар" беше прв и засега се уште единствена компанија во Македонија која ги воведе социјалните картички со кои граѓаните од ранливите категории купуваа леб, брашно, јајца, месо и друго од сопствените продавници по намалени цени до 25 отсто. Од компанијата велат дека оваа социјална картичка останува во функција и понатаму. Единствената измена е што сега со намалувањето на цената, лебот по 20 денари ќе го купуваат сите граѓани. Компанијата веќе четврта година лебот и сите видови бели печива ги произведува по ХАСАП-стандарди.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik